Врвен кетеринг за сите типови настани

Наши услуги и понуди
Приватни прослави
Организацијата на приватен настан бара внимание кон секој детал. Без разлика дали станува збор за матурска прослава, роденден, крштевка или семејна прослава, нудиме внимателно креирани менија прилагодени на вашите желби и типот на настанот.
Покрај храната, овозможуваме и изнајмување опрема и комплетен угостителски инвентар, вклучувајќи маси, столици, високи маси, прибор за јадење, чинии, чаши и професионална угостителска опрема. Нашата услуга опфаќа достава, поставување и целосна организација на просторот, со цел вие да се посветите само на уживањето со вашите гости.


Свадбени настани
Вашиот свадбен ден заслужува совршена организација и врвна кетеринг услуга. Нудиме модерен и уникатен пристап во подготовката и презентацијата на храната, креирајќи мени кое целосно одговара на вашиот стил, концепт и број на гости.
Во рамки на нашата понуда обезбедуваме и изнајмување опрема и комплетен инвентар — маси, столици, високи коктел маси, шатори (тенди), декорации, прибор, чаши и професионална угостителска опрема. Се грижиме за поставување, сервис и тек на настанот, со искусен персонал кој гарантира беспрекорна услуга.
Нашата цел е да создадеме елегантно гастрономско искуство и атмосфера што ќе го направи вашиот свадбен ден навистина незаборавен.
Корпоративни настани
Нашите менија се дизајнирани да одговорат на деловниот формат на настанот — од кафе паузи и коктел закуски до комплетни оброци.
Покрај кетерингот, нудиме и изнајмување на опрема и инвентар потребен за беспрекорна организација: маси, столици, високи маси, шатори (тенди), прибор, чаши, сервисна опрема и угостителски инвентар. Обезбедуваме професионална достава, монтажа и услуга од обучен персонал.
Со фокус на квалитет, точност и деловна етика, гарантираме сигурна поддршка за успешна реализација на секој корпоративен настан.

